Thursday, May 9, 2024
HomeДЕНЕШНАСветГалерија: Обама ќе ја замени Белата куќа со раскошна вила

Галерија: Обама ќе ја замени Белата куќа со раскошна вила

Барак Обама ја троши последната година од вториот мандат и во јануари следната година ќе мора да ја напушти Белата куќа.

obama kuka2

Претседателот на САД ќе добие фантастична замена во Калорама, луксузен кварт на Вашингтон каде живеат пред се личности од високата политика, дипломати и бизнисмени, со терен кој е строго контролиран и надвор од дофат со присуството на агентите на Тајната служба.

obama kuka4

Вилата е изградена во 1928-ма, располага со девет спални соби, додатни соби со содржини за прием на гости, разонода и 8 бањи, а е во сопственост на Џо Локхарт, кој служеше како прес секретар за претседателот Клинтон.

obama kuka7

Обама како и досегашните претседатели ќе корсти повеќе привилегии и заштита, па ќе може да ужива во политичката пензија со неговото семејство, маркантната прва дама Мишел и двете ќерки Саша и Малија.

obama kuka6

Барак Обама потекнува од Чикаго каде ја започна и политичката кариера, па се уште нема откриено дали ќе целосно ќе се врати во родното место или пак ќе продолжи да живее трајно во Вашингтон каде неговите ќерки се образуваат.

obama kuka3

obama kuka5

obama kuka8