Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСветУапсен потенцијален атентатор на Обама

Уапсен потенцијален атентатор на Обама

ФБИ уапси жител на американската држава Масачусетс, осомничен дека имал намера да го убие претседателот Барак Обама. Станува збор за Џозеф Гаргало кој е приведен за да се дефинира неговиот план за атетнат врз Обама за време на неговиот неодамнешен одмор на островот Мартас Винјард.

Мажот бил уапсен на 27 август, а при претресот на неговиот дом биле пронајдени огнено и ладно оружје, муниција и експлозиви.

ФБИ добило информација за Гаргало и од јули почнало да го следи и набљудува.