Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСветБританското разузнавање: Не сме му помагале на Обама да го прислушува Трамп

Британското разузнавање: Не сме му помагале на Обама да го прислушува Трамп

Британската разузнавачка служба, Центар за владини комуникации (GCHQ) изненадувачки ги негираше сите обвиненија, според кои агенцијата помогнала на поранешниот претседател Барак Обама да го прислушува Доналд Трамп за време на предизборната кампања во 2016 година. GCHQ ги утврди тврдењата како „глупости“. „Тие се целосно апсурдни и треба да бидат игнорирани“, изјави портпаролот на Центарот, цитиран од американските медиуми.

Оваа недела аналитичарот на американската телевизија Fox News, Ендрју Наполитано изјави во интервју дека според тројца извори од разузнавањето, администрацијата на Обама го користела GCHQ, за да го шпионира Трамп, за да нема вмешано „американски прсти“ во ситуацијата. Од своја страна, портпаролот на Белата куќа Шон Спајсер ги цитира тврдењата на Наполитано во поддршка на обвинувањата од самиот претседател Трамп.

Британското и американското разузнавање имаат блиска соработка и заедно со Австралија, Нов Зеланд и Канада се дел од групата „Пет очи“, која работи заедно на прашања за разузнавањето. Во почетокот на март Трамп изјави на Twitter дека поранешниот претседател Обама наредил да биде прислушуван неговиот дом во „Trump Tower“, нарекувајќи го својот претходник „лош човек“.

„Ужасно! Штотуку дознав дека Обама ме прислушувал во „Trump Tower“ токму пред победата. Не открил ништо. Тоа е МекКартизам“, напиша тој, додавајќи дека со тоа е стигнато до „ново дно“ од страна на претходната администрација.

Вчера од комисијата во американскиот Конгрес, која ги разгледува обвинувањата на Трамп, изјавија дека немаат докази во поддршка на неговите тврдења.

„Ние немаме никакви докази дека тоа се случило“, изјави на прес-конференција републиканецот Девин Нунс, претседател на Комисијата за разузнавање при Претставничкиот дом.