Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЌе се ревидира политиката на Обама на Балканот

Ќе се ревидира политиката на Обама на Балканот

Делегација на американскиот Конгрес, предводена од републиканецот, Боб Гудлат, замина во „итна мисија“ во регионот со растечки тензии, каде се уште во сила е „пропаднатата политика на Обама и Сорос“ и фаворизирање на некои кругови „на штета на граѓаните, локалните институции и регионалната стабилност“, пишува американскиот конзервативен неделник „Американ спектејтор“.

Како што пренесува „Плус Инфо“ петнаесетчлената делегација, која од САД замина од саботата, во рамки на регионалната турнеја ќе ги посети Грција, Босна и Херцеговина, Албанија, Македонија, Косово и Италија, се наведува во текстот на списанието.

„Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон минатата недела најави дека САД веќе нема да им наложуваат на други земји да усвојуваат американски вредности. Нашите амбасади на Балканот очигледно не го добиле тоа депеше“, пишува таблоидот Американ спектејтор“, пренесува Танјуг.

Иако шест од девет членови на конгресната делегација се републиканци, вклучувајќи ги и конзервативците како Стив Кинг и Том Марино, конгресмените, според природата на нештата, ќе се потпираат на Стејт департментот, укажува списанието.

„Во секоја од овие земји амбасадорите се останати од администрацијата на Обама и продолжуваат да ја применуваат наследената политика. Поради тоа е тешко да се замисли дека делегацијата ќе добие непристрасни информации од амбасадите кои беа силно интервенционистички ориентирани кога станува збор за локалната политика“, пишува „Американ спектејтор“.

Списанието ги наведува и инцидентите кои ги следеа американските амбасадори од Босна и Херцеговина до Македонија.

Американската амбасадорка во БиХ, Морин Кормак е уште една од оние кои сакаат аматерска „хаштаг дипломатија“ по пат на социјални мрежи и јавни полемики со националните функционери, пишува „Американ спектејтор“, опишувајќи ги БиХ како уште една земја каде се потрошени 1,6 милијарди долари на американските даночни обврзници.

Само една недела откако пристигна во земјата во 2015 година Кормак постави блог во кој ја критикуваше училишната програма во БиХ како дискриминирачка и поттикнувачка за етнички поделби, се наведува во текстот.

„Простете амбасадорке Кормак, но американската Влада создаде нација на премисите на етничката поделба во Дејтонскиот договор, така што … Добродојдовте на вашата нова должност“, потсетува таблоидот.

Оваа година, пишува „Американ спектејтор“, ескалацијата на нејзината расправа со лидерот на босанските Срби, Милорад Додик го достигна врвот, откако таа го натера Министерството за финансии на Додик да му воведе санкции.

Весникот наведува дека и во Тирана дошло до судир помеѓу американската амбасада, односно амбасадорот Доналд Лу и албанскиот главен обвинител.

„Премиерот Еди Рама со поддршка на американскито амбасадор ја уништи независноста на нашето судство“, изјави за „Американ спектејтор“ албанскиот обвинител.

– Под паролата правосудни реформи тие го политизираа судството – објасни тој.

„Американ Спекејтор“ потсетува дека албанскиот премиер Еди Рама, долгогодишен лидер на Социјалистичката партија е близок пријател на Џорџ Сорос, чија мрежа е длабоко ангажирана во Албанија и е партнер на американската амбасада во бројни проекти, вклучувајќи го и проектот на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) за реформа на правосудството.