Saturday, May 11, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалФудбалскиот клуб Штутгарт остана без претседател

Фудбалскиот клуб Штутгарт остана без претседател

Досегашниот претседател на германскиот клуб Штутгарт си поднесе оставка од таа функција, само ден откако клубот не успеа да избори опстанок во Бундес лигата. Валер истакна дека потполно ја превзема одговорноста за првото испаѓање на Штутгарт од Бундес лигата за 41 година, нарекувајќи го тој ден како црн за историјата на овој клуб.

Штутгарт исто така соопшти и дека после поразот од Волфзбург во последното коло од шампионатот ја прекинале соработката и со тренерот Јирген Крамни. Крамни на местото на прв тренер во клубот беше донесен од вториот тим на Штутгарт и теоретски би можел да се врати на таа позиција, но од клубот истакнаа дека тоа е неизвесно. Штутгарт ја заврши сезоната на претпоследното 17 место, со освоени 33 поени.