Friday, Apr 26, 2024
HomeИздвојувамеФудбалска ретроспектива – Неколку интересни факти за фудбалската репрезентација на Македонија

Фудбалска ретроспектива – Неколку интересни факти за фудбалската репрезентација на Македонија

Црни облаци надвиснаа врз македонскиот фудбал. Наместо со организираност и мотивација да одиме едне чекор напред, ние се вративме десет назад.Од неодамна, според ФФМ; Ѓуровски не ги задоволувал двата типа на цели кои се дефинирани во планот за работа како селектор, а се поврзани со развојот на А репрезентацијата и на македонскиот фудбал воопшто, па му врачија отказ – нешто што како да е традиција во селекторските места на нашата репрезентација. Утехата ја баравме во Друловиќ, но тој само не врати во аматерските води, доживувајќи срамно фијаско и најслаб пласман на ФИФА ранг листата во последниве две децении.

Прашањето за тоа што е причина за слабите резултати на нашата репрезентација е, несомнено, топ тема на сите љубители на македонскиот фудбал. И додека јавноста ја следи веста за уште еден неспорлив рангирачки нокаут, еве неколку занимливости поврзани со македонската репрезентација.

doncevski makedonija fudbalМакедонскиот фудбалски сојуз е основан на 14 август 1949 година во Скопје, како дел од фудбалскиот сојуз на Југославија. По распадот на Југославија, Македонија како самостојна држава станува членка на ФИФА, УЕФА и на Балканската Фудбалска Федерација.

Официјалните активности на репрезентацијата започнале во 1994 година, кога Македонија се подготвувала за претстојните натпревари во квалификациите за ЕП 1996. Селекцијата на Македонија била во група со Белгија, Ерменија, Кипар, Шпанија и Данска. Оттогаш, Македонија учествува во сите натпревари на ФИФА и УЕФА.

Првиот официјален натпревар на македонската репрезентација на домашен терен е одигран на 7 септември 1994 против репрезентацијата на Данска. Натпреварот завршил без победник, 1 – 1.

Најголемата победа што ја остварила репрезентацијата на Македонија била во 1996 година против Лихтенштајн. Македонија славела со убедливи 1 – 11.

– А, пак, најлошиот пораз Македонија го претрпела од селекцијата на Белгија и тоа на домашен терен во 1995 година, со резултат од 0 – 5.

Првиот гол во официјален натпревар за репрезентацијата го постигнал Митко Стојковски. Своите почетоци ги започнал во далечната 1989 година во тимот на Пелистер. Во 1995 преминува во тимот на Црвена Ѕвезда за која има одиграно 120 натпревари. Наредните години настапува во Овиедо од Виго, со Штутгард бил дел од последното финале на купот на УЕФА одигран по стариот систем, а кариерата ја завршува во „родниот“ Пелистер со кого стигнал до Купот на Македонија.

nacionalna-arena-filip-vtori1Поранешното име на арената „Филип Втори“ е Градски стадион. Стадионот е изграден во 1947 година, денешната форма започнала да ја добива во 1987 година кога започнала изградбата на јужната трибина,а во 2009 завршила и реконструкцијата на северната трибина. Денес, максималниот капацитет на стадионот изнесува 36.400 гледачи.

Најгледаниот натпревар на националната арена „Филип Втори“ е пријателскиот натпревар на 12 август 2009 година по повод 100-годишнината од фудбалот во Македонија помеѓу нашата репрезентација и тогашниот европски шампион Шпанија. 30.000 гледачи го проследија овој спектакуларен дуел кој заврши со пораз на нашата репрезентација од 2:3.

Најдобриот стрелец за нашата репрезентација е Горан Пандев. 31-годишниот играч на Галатасарај во 71 одигран натпревар постигна 26 погодоци. Пандев е два пати избран за најдобар спортист во Македонија: Во изборот на весникот „Дневник“ во 2007 и во 2010 година и во изборот на весникот „Нова Македонија“ во 2010 година.

– Нашиот сегашен, а воедно и поранешен селектор на српската национална репрезентација, Љубинко Друловиќ, во својата фудбалска кариера настапувал за Порто, Бенфика. Партизан и Гил Висенте, а како тренер бил предводник на Туризенсе, Банат Зрењанин, Драва Птуј, Агосто и репрезентацијата на Србија до 19 години.

Автор: Тамара Стојкова

Забрането е превземање на содржините без согласност на pozitiv.mk или без наведување на линк до соодветната страница.