Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаФРОНТЕКС го поздрави придонесот на Македонија во намалувањето на бројот на мигранти

ФРОНТЕКС го поздрави придонесот на Македонија во намалувањето на бројот на мигранти


Според граничната служба на ЕУ „Фронтекс“ Македонија допринела во намалување на бројот на мигранти кои транзитираат кон земјите на ЕУ за 90 проценти. Исто така намалени се и илегални преминувања на надворешните граници ЕУ во регионот на Западен Балкан, во споредба со претходните месеци,

Од „Фронтекс“ меѓу другото констатираат дека благодарение на договорот на ЕУ со Турција за ограничување на мигрантскиот проток и операцијата на НАТО во Егејското море, значително е намален бројот на мигрантите кои пристигнуваат на грчките острови.

Во март 4.930 мигранти илегално ја поминале границата, што е за 10 проценти помалку во споредба со истиот месец во 2015 година.