Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСветФранс прес: Исламисти тврдат дека го убиле киднапираниот Хрват Салопек

Франс прес: Исламисти тврдат дека го убиле киднапираниот Хрват Салопек

Киднапираниот Хрват Томислав Салопек, денеска е убиен – објави Франс прес. На социјалните мрежи почна да се шири и фотографија со вознемирувачка содржина на која наводно, како што тврдат исламистите, е мртвото тело на Салопек.

На фотографијата се наоѓа и натпис на арапски јазик во кој Хрватска се обвинува поради учество во борбата против ИСИС. Информацијата за егзекуцијата на Салопек за хрватскиот весник „Јутарни“ ја потврдил извор од египетскиот дневник „Alyom Al Sabeа“.
salopekОвој 31-годишен татко на две деца беше киднапиран на 22 јули на подрачјето на Каиро, а исламските милитанти на 5 август се заканија дека за 48 часа ќе го убијат ако египетската влада не ги ослободи уапсените муслиманки. По истекот на рокот, тие му дадоа уште 48 часа живот и оттогаш немаше никакви информации за судбината на Хрватот, сè до сега. Тој работел во Египет за француската геолошко-истражувачка компанија ЦГГ.

Пред една седмица беше објавена снимка на која Томислав пред камера ги кажува своите лични податоци и објаснува дека Исламската држава е подготвена да го размени за „муслимани кои што се заробени во египетските затвори“.