(Фото) Мишела е навивачка на Јувентус и девојка на Ругани
Коло пред крајот на шампионатот на италијанската Серија А, Јувентус го освои новото Скудето. Торинската “стара дама“ го освои и купот на Италија и на 3 јуни го очекува финале во Лигата на Шампионите против Реал Мадрид во Кардиф.
Даниеле Ругани е млад играч кој игра на позиција штопер во Јувентус, но тој поради повредите и силната конкуренција оваа година одигра само 15 натпревари, за жал поради повреда ќе го пропушти и финалето од Лигата на Шампионите. Сепак, постојат причини да биде среќен бидејќи неговата девојка атрактивната новинарка и навивачка на Јувентус Мишела Персико, е бремена како што известуваат италијанските медиуми, тоа сеуште не е потврдено од страна да двојката но сепак според сликите на Инстаграм тоа може да се забележи.