Tuesday, Apr 30, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаФото: Масовен протест да не заборави убиството на Мартин

Фото: Масовен протест да не заборави убиството на Мартин

Денес навршуваат пет години од убиството на Мартин Нешковски кој беше брутално претепан од специјалецот Игор Спасов за време на партиската прослава на ВМРО-ДПМНЕ по изборната победа. Неговото убиство и тогаш иницираше редовни протести, а и денес на годишнината демонстрантите не заборавија на неразумно згаснатиот млад живот.

protesti 06 (2) (1)

„Криминалците мора да одговараат, убиството на Мартин, на едно дете сакаа да го сокријат. Денес протестираме за него за да не се заборави неговата жртва, брутално одземена од убиец, припадник на МВР“ изјавуваат демонстрантите за pozitv.mk.

protesti 06 (3) (1) protesti 06 (1) (1)

Протестите кои траат веќе два месеца неприкинато денес треба да послужат и за изразување на нови начини за излез од политичката криза и спротиставеноста со власта.