(Фото) Ќерката на Жан Клод Ван Дам е поопасна од нејзиниот татко
Бјанка има 25 години и е ќерка на познатиот актер и поранешната бодибилдерка Гледис Португес, а од познатите родители ја наследила убавината и мускулите.
Од рана возраст, се занимава со боречки вештини и глума. Иако боречки вештини ја доста заморувале, таа сонувала за настап на Олимписките игри, но нејзините повреди ја спречиле да се реализира овој сон.
Со Жан Клод Ван Дам глуми во неколку од неговите филмови, но главно се држи подалеку од центарот на медиумското внимание. Сепак, убавата Бјанка сега зборуваше за нејзиниот живот и однос со татко и.
“Јас не сакам да бидам сенка на мојот татко. Тоа е она што често се деца на познати родители, но јас сакам да се борам сама. Не ми се допаѓа да одам на полесниот начин, јас одам на аудиции и не се претставувам под презимето на таткоми. Понекогаш луѓето доаѓаат до мене и ми кажуваат дека тие му се восхитуваат на татко ми. Тоа е убаво, но што тоа има некаква врска со мене?”, Вели Бјанка, додавајќи дека како дете била многу срамежлива и имала само неколку пријатели.