Saturday, Apr 27, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбал(ФОТО): Како би изгледала стартната 11-ка на Англија за СП во Русија 2018?

(ФОТО): Како би изгледала стартната 11-ка на Англија за СП во Русија 2018?

Оваа недела не очекува ждрепката за Светското првенство во Русија во 2018 година, која ќе се одржи во Санкт Петерсбург. Интересен за анализа е можниот почетен состав на репрезентацијата на Англија која ќе настапи за четири години.

Неизвесен е опстанокот на тренерската позиција на Рој Хоџонс, како и најголем број од сегашните првотимци кои до 2018-та, поради старосната структура, би изгубиле од кондиција и форма да настапуваат на наголемиот мундијал.

Џо Харт би бил во идеалната 31-ва година за неговата голманска позиција се додека се задржи во Манчестер Сити. Одбранбената линија би била под раководство на Натаниел Клајн, Џон Стоунс, како и младите надежи на „црвените ѓаволи“, Џоунс и Лук Шо.

Средината би требало да ја комплетираат Џордан Хендерсон и Џек Вилшер. Хендерсон, како во репрезентативниот тим така и во Ливерпул од оваа сезона ќе има тешка задача да го надополни пропустот од заминувањето на Стивен Жерард, додека Вилшер ќе има поголема прилика да се здобие со довербата на Венгер и да се доизгради како фудбалер.

Најголемата промена се очекува во напаѓачките позиции, со млади и абициозни играчи како Рахим Стерлинг и Алекс Окслад – Чембрлејн кои го имаат талентот да го продолжат нивниот прогрес, како и Рос Беркли кој се смета за можен наследник на „десетката“. Хари Кејн помина прилично напорна сезона во Тотенхем која би му донела голем напредок во репрезентацијата и би го заменил Вејн Руни кој ќе наполни 33 години во октомври 2018.