Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАСветНафтен тајкун на екс сопругата мора да и плати половина милијарда долари

Нафтен тајкун на екс сопругата мора да и плати половина милијарда долари

Разводот меѓу еден руски нафтен тајкун кој живее во Лондон и неговата сопруга со потекло од Источна Европа ќе биде еден од најскапите во историјата откако судот наложи поделба на имотот. Трговецот со нафта ќе мора на поранешната сопруга да и исплати 583 милиони долари или 41,5 отсто од неговото богатство, во една од најголемите бракоразводни парници во историјата на Англија.

Шеесет и еден годишниот маж, чиј идентитет не е објавен ја запознал 44-годишната сопруга во 1989 година во Москва, каде студирала, а се венчале четири години подоцна, се наведува во документот на судот во Лондон.

Мажот, роден на Кавказ заработил огромно богатство во рускиот енергетски сектор, продавајќи го во 2012 година својот удел во компанијата за 1,37 милијарди долари.

Неговата сопруга во бракот била домаќинка, а британско државјанство добила во 2000 година. Таа се грижела за двете деца во Сари, јужно од Лондон.

Таа изјавила дека имотот на сопругот вреден повеќе од милијарда долари е стекнат во текот на бракот со заеднички придонес на двете страни, се наведува во пресудата.