Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаФлеш бомба пронајдена во тетовската депонија

Флеш бомба пронајдена во тетовската депонија

Флеш бомба, неактивирана и во исправна состојба била пронајдена вчера околу 15 часот од страна на дваесет и осумгодишен тетовец кој со свои роднини собирал старо железо на „дивата“ депонија во близина на „Жито Полог“ во Тетово, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Експлозивната направа била пронајдена во црно најлонско ќесе во кое се наоѓале уште и облека и други предмети. Тетовецот веднаш пријавил во Полициската станица Тетово и за кусо време извршен е увид во кој учествувал и претставник на Дирекцијата за заштита и спасување. Бомбата е подигната и безбедно транспортирана.

Минатата недела, на истата депонија беше пронајдена експлозивна направа кашикара, а претходно биле пронајдени бомби и муниција. Со оглед дека ова не е прв случај, се очекува властите да дознаат кој остава неактивирани експлозивни направи во пластични ќесиња на тетовската депонија.