Saturday, Apr 27, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈТенисФедерер по осми пат царува во Хале

Федерер по осми пат царува во Хале

Швајцарецот Роџер Федерер успеа да дојде до својата осма титула на турнирот во Хале. Тој во финалето со 2-0 во сетови (7-6, 6-4) го совлада немоќниот Андреас Сепи кој доживува пораз од својот колега по 12-ти пат на 13 одиграни натпревари. Одличен на свој сервис и само еден брејк му беше доволен на Федерер за да стигне до победата. halle-2015-sat-roger-federer

Дека трвнатата подлога одлично му лежи на Федерер говори фактот дека ова е за него 15-та титула која ја освојува на ваков терен. Тој досега во кариерата загубил само две финалиња во Хале, од Лејтон Хјуит во 2010 и од Томи Хас во 2012 година.

На патот до финалето тој успеа да го победи и одличниот ветеран Карловиќ.