Friday, Apr 19, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈТенисНовак со нов трофеј, Енди во солзи

Новак со нов трофеј, Енди во солзи

Првиот Гренд слем оваа година повторно оди сосема заслужено во рацете на неприкосновениот шампион Новак Џоковиќ кој остана неприкосновен владетел на Австралија Опен.

Во финалето успеа да го совлада и еден од редовните противници, британскиот тенисер Енди Мари кој мораше да се задоволи само со второто место, а по натпреварот преплавен од солзи и емоции и се заблагодари на својата сопруга за неизмерната поддршка.

Ноле покажа дека е еден од најдобрите тенисери на сите времиња со вкупно 11-та освоена Гренд слем титула и веќе шеста на омилениот терен во Мелбурн. Мечот за титулата србинот го доби со убедливи 3:0 или 6:1, 7:5 и 7:6 во сетови.