Friday, Apr 26, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈТенисФедерер омилен играч помеѓу колегите и навивачите

Федерер омилен играч помеѓу колегите и навивачите

Роџер Федерер по 11 пат во својата кариера и петти пат по ред ја добива наградата за фер-плеј, која уште се вика и Stefan Edberg Sportsmanship Award.

Во конкуренција за оваа награда се најдоа и Рафаел Надал, Давид Ферер и Кевин Андерсон, а своите гласови можеа да ги дадат и играчите .

Врачени беа и награди за првиот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ, како и за првите во дабл Боб и Мајк Брајан, а наградата за тенисер кој би можел да биде голема ѕвезда во иднина ја доби Александар Зверев.

Ова  момче е родено во 1997 година и е најмлад тенисер во топ 100 на АТП листата, во еден момент успеа да стигне и до 74 позиција, а играше и полуфинале во Бастад и четвртфинале во Вашингтон.

Хјеон Чунг кој има само 19 години е од Јужна Кореја, ја доби наградата за играч кој најмногу напредувал- беше 173 во светот и оваа сезона успеа да освои четири челенџери, и сега се наоѓа на 51 место на АТП листата.