Friday, Apr 26, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈТенисФедерер: Новак успеа да ме запре, тоа единствено до сега го има направено Вавринка

Федерер: Новак успеа да ме запре, тоа единствено до сега го има направено Вавринка

После поразот од србинот Роџер Федерер истакна дека Новак има удари како Андре Агаси и дека многу брзо може да прави брејкови. Најдобриот тенисер во светот успеа да го совлада поранешниот број 1 во четири сета и се пласираше во финалето на Австралијан Опенм каде ќе се сретне со победникот од дуелот помеѓу Милош Раониќ и Енди Мареј. „Се обидов да го спречам, но Новак има удари како Андре Агаси може многу брзо да направи два брејка. Тешко е да се задржи нивото на игра кое сега го има Новак, бев задоволен кога успевав во тоа во минатото“, изјави Федерер.

Швајцарецот исто така додаде дека се чувствувал убаво поради подршката која ја добивал од публиката, но исто така истакна и дека е многу разочаран после дуелот со Новак. „Знам дека сите мислите дека сум стар, но јас се уште можам да издржам четири, пет часа игра. Новак е единствениот човек кој успеал да ме сопре, претходно тоа му успеа само на Вавринка во Париз“, истакна Роџер Федерер.