Monday, Sep 25, 2017
HomeГИГА БАЈТFacebook е фашистички култ, тврди екс менаџер

Facebook е фашистички култ, тврди екс менаџер

chaos_monkeys_book_cover_mark_zuckerberg_h_2016

Антонио Гарсија Мартинез во најновата книга Chaos Monkeys: Obscene Fortune and Random Failure in Silicon Valley го опишува начинот на кој функционира најславното место во светот за раст на технолошки стартапи, но е и премногу критичен кон Facebook, компанија во која поминал две години и не успеал да го развие својот производ FBX за избор и наддавање за дигитални реклами.

Antonio García Martínez facebook

Мартинез една третина од својата книга посветува само на Facebook опишувајќи ги условите во канцеларијата каде имало излепено постери од основачот Марк Цукерберг, пораки за непријателство кон Google на латински инспирирани од римските оратори, како и различен вид пропаганден материјал составен од специјален тим.

„Моите братучеди во Хавана, Куба ми збореа постојано за постерите на Кастро и Чегевара, за вечната револуција и победа, не ми се веруваше дека истата пропаганда ја гледам и во канцелариите на Facebook, посочува Мартинез во еден пасус.

Тоа што Мартинез не успева да го докаже е дека навистина Facebook е фашистичка организација и дека ги малтретира своите вработени. Напротив и самиот признава дека во тимот има премногу лојални играчи кои даваат максимум за успехот на Facebook и над милијарда корисници ширум светот. На крајот заклучува и дека без неговите „непријатели“ не би бил доволно успешен и подготвен за релативно богата кариера во технолошките компании.

Во секој случај провокативниот и арогантниот стил на пишување на Мартинез и бесплатниот публицитет кој го добива од светските медиуми кои лесно пренесуваат секакви пикантерии за Facebook сигурно ќе му помогне подобро да ја продаде книгата.

Извор: telefoni.mk