Thursday, Apr 25, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалКристијано Роналдо вмешан во скандал со силување, адвокатите негираат

Кристијано Роналдо вмешан во скандал со силување, адвокатите негираат

Правните застапници на Кристијано Роналдо жестоко ги негираат сите шпекулации дека наводно фудбалерот сексуално нападнал девојка во 2009-та година и дека и платил голема сума на пари само за да ја замолчи.

„Тоа е новинарска фикција. Овие обвинувања се срамни. Роналдо ќе стори сè за да го заштити своето име. Наводната жртва одбила да излезе во јавноста и потврди дали обвинувањата се вистински. Целата приказна е поткрепена со документи чија автентичност не е потврдена“, се наведува во соопштението.

Наводно, Роналдо на 13 јуни 2009 година ја сексуално ја нападнал девојката во апартман во Лас Вегас, а потоа се договорил да ѝ плати 370.000 долари за да не го пријавува случајот во полиција.

Според документите на „Фудбал Ликс“, Роналдо се спогодил со жртвата на 12 јануари 2010 година, а договорот го потпишал неговиот адвокат Карло Осорио де Кастро.

Девојката се согласила на спогодбата под еден услов, Роналдо да го прочита нејзиното писмо на шест страници, во кое таа опишала низ што поминала и колку биле повредени нејзините чувства.

Девојката која тогаш имала околу 25 години, истиот ден нападот го пријавила во полиција, но не го именувала Роналдо туку само навела дека станува збор за јавна личност и спортист.

По договорот со Португалецот таа решила да ја повлече пријавата, а на неговите адвокати им доставила список со имиња на луѓе на кои им го открила случајот и писмено се обврзала дека ќе ги уништи сите докази, стои во објавата на „Фудбал Ликс“.