Sunday, Apr 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВМРО- ДПМНЕ: Парламентарното мнозинство ја блокира работата на Собранието

ВМРО- ДПМНЕ: Парламентарното мнозинство ја блокира работата на Собранието

Опозициската ВМРО- ДПМНЕ го обвини новото парламентарно мнозинство за блокирање на работата на Собранието. Во соопштението кое го испрати партијата се наведува дека повеќе од 15 дена барале од мнозинството да свика седница и да ги распиште локалните избори.

„Дали свесно се одеше на провокација и инциденти, кога целата јавност гледа дека веќе еден месец собраниското мнозинство не покажува никаква намера за Собранието да почне да работи. Поминаа петнесет дена откако ВМРО-ДПМНЕ побара собраниското мнозинство да создаде услови да се деблокира работата на локалната самоуправа и да се распишат локалните избори“ – велат од партијата.

ВМРО- ДПМНЕ потсети дека поминале точно месец дена по крвавите настани во законодавниот дом, што според нив било предизвикано од незаконскиот избор на Џафери за претседател на Собранието.

За потсетување, пратениците на ВМРО- ДПМНЕ, откако Груевски не успеа да ја состави Владата, неколку недели си реплицираа меѓусебно – чекор што експертите и меѓународната заедница го оценија како свесен обид за блокирање на работата на Собранието.