Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЕврокомисијата задоволна од напредокот, останува договореното да се спроведе!

Еврокомисијата задоволна од напредокот, останува договореното да се спроведе!

Европската комисија предмалку ги обелодени реакциите по синоќешното успешно усвојување на најтешките точки на договорот од Пржино. Официјален Брисел е задоволен, но внимателен и ќе очекува договорот за Влада, за Изборниот законик и за законот за „свиркачите“ во Македонија прво да ја мине законската процедура.

– Ние разбравме дека партиите се блиску до договор. Ги охрабруваме сите партии да ги направат потребните преостанати чекори во поглед на имплементирање на обврските од договорот од јуни/јули. Ова е исто важно во котекст на претстојниот прогрес-извештај, изјави за МИА Маја Коцијанчич, портпарол на Еврокомисијата.

Како што објавивме во вторник ќе бидат објавени годишните извештаи за напредокот на земјите од процесот на проширувањето на Европската унија, при што за Македонија, после синоќешниот договор, се очекува да има седма последователна препорака за отворање на пристапните преговори, со услов за целосна имплементација на договорот од јуни/јули, заклучно со успешно организирање и одржување на предвремените парламентарни избори закажани за Април идната година.