Friday, Apr 26, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалЕП 2016: Историски бод за Исланд, Роналдо плачеше како мало дете

ЕП 2016: Историски бод за Исланд, Роналдо плачеше како мало дете

По синоќешниот натпревар помеѓу двете репрезентации на Исланд и Португалија, Исланд го направи првото изненадување на Европското првенство 2016 во Франција откако ремизираше со фаворизираната Португалија со резултат 1:1.

Роналдо не одигра добро, но наместо да му пружи рака на противникот тој по натпреварот се однесуваше неспортски.

Фудбалерите на оваа репрезентација немаат често шанси да играат натпревари против така големи имиња како што е Роналдо па така капитенот на Исланд, Арон Гунарсон трчаше по него по последниот свиреж и го молеше да му го даде дресот, но првата ѕвезда на ЕУРО воопшто не го приметуваше.

На првото место на табелата од групата Ф се најде Унгарија со 3 бода, Исланд и Португалија со по 1 бод и без бодови засега репрезентацијата на Австрија.