Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаИсландски хакер олеснил охриѓанец за 4.725 евра

Исландски хакер олеснил охриѓанец за 4.725 евра

Г.О. (22) од Исланд е осомничен од МВР за оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем.

Меѓународната истрага открила дека тој на 20 април годинава неовластено навлегол во е-маил комуникација, изготвил фалсификувана фактура и со менување на лажни банкарски податоци, создал услови паричните средства во износ од 4.725 евра уплатени од страна на Т.Д. (45) од Охрид.

Парите наместо да бидат пристигнати на сметката на неговиот деловен партнер од Република Србија, се уплатени на банкарската сметка на осомничениот.