Friday, Apr 26, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаЕминем открива како се откажал од наркотици

Еминем открива како се откажал од наркотици

Еминем, живата легенда на рапот по огромната битка против наркотиците, неодамна сподели неколку детали за животот пред и по терапијата. Предозирањето, како што кажува тој, резултирало со нагло качување на тежина. Килограмите морал да ги симнува со посебен режим на исхрана како и вежбање. Неговиот  тренинг првобитно се состоел во трчање 30 километри дневно, со што драстично му се уништила формата и се чуствувал изнемоштено.

„Пред предозирањето фитнесот ретко беше во мојот дневен распоред. Освен повремени „прошетки“ до теретаната со др. Дре и бендот (Д-12) никогаш не ме интересираше моето здравје, се додека не беше загрозено. Пробав и да боксувам, но на крајот  трчањето ми беше наједноставно. Истото тоа трчање по втор пат го загрози мојот живот. Кога престанав со терапијата освен повремените кризи, морав да научам и да живеам трезен живот. На почетокот не беше толку лошо, дури го решив и проблемот со несоница. Но јас имам мозок на зависник и од една прејдов во друга зависност. Набрзо почнав да бројам калории и за да бидам сигурен дека трошам доволно трчав речиси 30 километри дневно. Често се онесвестував, а траката за трчање сериозно ми ги повреди и колената. Сепак, извлеков голема поука, а попатно добив инспирација за мојот албум – Recovery (Закрепнување). “

Раперот денес, 6 години по тешкиот период на рехабилитација се држи до ДВД вежби и тврди дека пороците за него се минато. И покрај поборството за здрав живот, како што кажува тој, музиката и турнеите се секогаш на второ место веднаш по родителските обврски.