Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЕмел Рамковска: во Шутка поминав 28 месеци и не ми дозволија ниту да си ги видам деца

Емел Рамковска: во Шутка поминав 28 месеци и не ми дозволија ниту да си ги видам деца

Ми одредија притвор од 30 дена и мислевме дека ќе заврши лудилото, но следуваше и уште еден, па уште еден притвор. Толку беше страшно тоа што се случи што бевме среќни што сме живи. Правда мора да има и да се истера до крај!

Ова се дел од зборовите на Емел, ќерката на Велија Рамковски и менаџерка на А1 Телевизија, која синоќа во Топ тема на Телма ТВ зборуваше за тортурата низ која поминала како една од осудените во контроверзниот случај „Пајажина“. Затворската казна што таа ја издржа беше шест години.

– Кога се разбудив прв пат во затвор реков: „фала богу, само јас сум тука“. Во таква ситуација мораш да издржиш, да најдеш и да се фатиш за нешто добро – вели Рамковска.

Успеала да преживее бидејќи верувала и знаела дека не направила ништо лошо и оти најголема сила и давало тоа што нејзините деца се добро.

– Во затворот во Шутка поминав 28 месеци и не ми дозволија ниту да ги видам моите деца. Имав некои лекарски прегледи и тогаш само можев да ги видам. Морав да им ја кажувам приказната дека ние сме јаките и се бориме против лошите– раскажува Рамковска.

Потоа, раскажува кога била префрлена во Идризово , само таму можела два пати месечно да се види со семејството и да си ги допре децата.

– Кога ме префрлуваа во Идризово, кога го видов ходникот во еден момент како да ми се избриша се. Се појави тотална сива страница. Не верувавме дека ќе го видиме Идризово, секој март и секој септември се надевавме дека судовите ќе ја увидат грешката, дека ќе се смени нешто во државата – вели Рамковска.

Со татко и Велија откако завршија во затвор, првпат се видела во судница. Таму успевале, како што вели, да се видат и да се изгушкаат и со него и со останатите обвинети.

Го преживеавме се ова, и затоа што знаевме дека сме невини, и дека знаевме да живееме скромно, затоа што и порано како сопственици на големи компании и фирми никогаш не сме се расфрлале и не сме трошеле.

Рамковска,посочи дека апсолутно се разјаснила целата „Пајажина “.Се покажало дека некој сакал да ја затвори А1 Телевизија, а дека на народот требало тоа да му се прикаже како криминал, но никој не предвидел која ќе биде цената.

Враќањето на А1Тлевизија е проект на Велија Рамковски и тој смета дека треба да постои, тоа што било треба да се врати, гтоа тој го смета за своја обврска, но кога и како и кои се можностите ќе видиме понатаму ,вели Емел Рамковска

Таа знае дека се се плаќа во животот и најавува, дека сега кога работите се смениле и се најавуваат промени во судството,негова департизација, тие ќе ги бараат истите докази што биле користени против нив за да се отвори случајот повторно и да ја истераат правдата на виделина. Тое е нужност затоа што како ќе живееме сите ние , како ќе ги воспитуваме децата ако не постои правда и правосуден систем на една држава.