Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионЕксплозија во Ниш – две лица тешко повредени

Експлозија во Ниш – две лица тешко повредени

Две лица се потешко повредени вечерва при експлозија во центарот на српскиот град Ниш. Причините за експлозијата засега официјално не се познати, но некои српски медиуми тврдат дека експлодирала боца со гас, додега други посочуваат дека станува збор за експлозија на бомба.

Директорот на нишката Служба за брза помош, Славољуб Живадиновиќ изјави дека нивните екипи згрижиле една жена и едно 21-годишно момче, кои имале сериозни повреди. Двете повредени лица се згрижени во Клиничниот центар во Ниш.