Sunday, Apr 28, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионЕксплозија во Истанбул, повеќе луѓе ранети

Експлозија во Истанбул, повеќе луѓе ранети

Силна експлозија утрово го потресе Истанбул, при што повеќе луѓе се ранети, јавуваат турските медиуми. Експлозијата се случила во квартот Везнечилер, во центарот на градот, во близина на автобуска станица. Според CNN Turk, на местото на експлозијата се упатени повеќе амбулантни возила. Телевизијата NTV пренесува дека до експлозијата дошло во моментот додека полициски автобус минувал низ тоа подрачје.