Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСветЕјми Шумер полугола против нелегалното оружје

Ејми Шумер полугола против нелегалното оружје

Хит комичарката Ејми Шумер која никогаш нема влакна на јазикот повторно стана дел од дебатата за поголеми контроли на оружјето во САД, особено нелегалната продажба и илјадниците жртви секоја година. На националниот ден за борба со оваа појава, Шумер објави слика каде е полугола со пораката „Носете портокалово за ограничување на оружјето“.

Конзервативците кои и најмногу лобираат за блокирање на сите реформи и контроли при користење на оружјето само дополнително побеснеа од постапката на Шумер која ја сметаат за провокативна и невкусна, додека пак либералите со воодушевување ја прифатија нејзината порака.

Во кампањата „Носи портокалово“ се вклучени голем број на селебрити од Холивуд, но и самиот претседател Барак Обама кој најмногу се труди да воведе реформи кои засега се неуспешни.