Friday, May 3, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаЕд Ширан обвинет дека направил плагијат на песна од 2009 година

Ед Ширан обвинет дека направил плагијат на песна од 2009 година

Песната Photograph од Ед Ширан е наводно плагијат на песната Amazing, Која Мартин Харингтон и Томас Леонард ја напишале во 2009 година, а која во 2012 година ја изведе победникот на натпреварувањето Икс Фактор Мет Кардл. Двајцата текстописци поднесоа тужба против популарниот англиски музичар и бараат повеќе од 20 милиони долари оштета.

Адвокатот на двајцата текстописци Ричард Буш истакнува дека 70 отсто од рефренот на песната Photograph е идентичен со рефренот од песната Amazing.

„Моите клиенти се професионални текстописци и композитори. Нивната работа е нивен живот и многу ми е мило што мене ми го доставија овој важен случај“, изјави Буш.