Friday, May 3, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаЕд Ширан најслушан минатата година

Ед Ширан најслушан минатата година

Песните на британскиот музичар Ед Ширан официјално се најслушани во 2015 година во Велика Британија. Пеачот врз основа на годишната листа “Phonographic Performance Ltd’s”, која се спроведува раководејќи се според Телевизиски и радио емитувања, како и врз основа на песните пуштани во ноќни клубови, дојде до првата позиција.

Веднаш зад Ширан се најде Тејлор Свифт, потоа Оли Мурс, групата „Take That“, Ели Гулдинг и Сем Смит. Додека првата половина на листата најмоногу ја заземаа британски изведувачи, големи имиња на американската музичка индустрија си најдоа свое место на годишната листа како Кети Пери, Ријана и Мадона.