Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаДве лица повредени во престрелката на патот Куманово – Липково

Две лица повредени во престрелката на патот Куманово – Липково

Вчеравечер на железничката пруга во селото Лопате, некаде по 21 часот дошло до престрелка на две групи кои пристигнале со автомобили.

Од неофицијалните информации се дознава дека браќата Фуркан (33) и Фарук (36) Авдии од Липково со ПМВ „ФВ венто“ им го пресекле патот на Ремзи Алили (20) и Фатон Зендели (22) од селото Отља, кои се превезувале со патничко моторно возило „ФВ  шаран“, физички ги нападнале при што им нанеле телесни повреди. Потоа браќате од Липково испукале неколку истрели од огнено оружје кон нив, но не ги погодиле, а два проектила завршиле во каросеријата на возилото. Ремзи и Фатон завршиле хоспитализирани Медицинскиот центар Куманово.

Пресметката резултирала со блокада на патот кон Липково,а на лице место заминала колона возила на специјалци.