Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаДвајца жители на с. Герман киднапирале и силувале 25-годишна девојка

Двајца жители на с. Герман киднапирале и силувале 25-годишна девојка

Двајца жители на село Герман киднапирале, ограбиле и силувале 25-годишна девојка. Секторот за внатрешни работи Куманово поднел кривична пријава против Б.С. (25) и Б.С. (32), осомничени за киднапирање и за силување на 25-годишна жена од селото Нерав.

Според пријавата, двајцата осомничени се товарат за противправно лишување од слобода и за силување. Судија на претходна постапка на двајцата им одредил притвор од 30 дена. Како што инфомрираат од МВР, осомничените во периодот од 9 до 21 декември, во куќа во селото Герман, ја држеле како заложник 25-годишната жена и со закани, врз неа вршеле полови дејства. Покрај тоа, осомничените, според полицијата, ја ограбиле жената, земајќи ѝ 500 евра, мобилен телефон, златно синџирче, а и забраниле да комуницира со нејзините малолетни деца и со невенчаниот сопруг.