Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаСексуално нападнал девојка во Куманово, МВР му поднесе пријава

Сексуално нападнал девојка во Куманово, МВР му поднесе пријава

СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.Р. (19) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување“.

Пријавениот на 13.овој месец околу 11.45 часот во Куманово кај место викано „Бавчи“ ја забележал оштетената Х.М. (24) од Куманово како се движи по патот, по што со употреба на физичка сила и нанел телесна повреда во пределот на ногата и извршил полово дејствие врз неа. Х.М., бранејќи се успеала да се оттргне и избега.