Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаДваесет пријави за штети во Охрид

Дваесет пријави за штети во Охрид

До Центарот за управување со кризи досега има 20 пријави за штет во Охрид, предизвикани од последниот земјотрес.

Како што јавува „Макфакс“, главно станува збор за напукнати ѕидови, а граѓани пријавиле и паднат бојлер. Исто така пријавен е и еден паднат оџак, кој оштетил возило на улицата „Марко Нестороски“ во Охрид.

За конкретни штети најчесто се јавуваат сопствените на супер маркети, каде има поголем број паднати рафтови.

Последниот земјотрес во Охрид, кој го зафати регионот денеска околу 13.18 часот, предивика паника и вознемиреност кај ѓителите и туристите, а потресот беше почувствуван и во главниот град.