Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионДваесет години од Дејтонскиот мировен договор – ја сопре војната, но ја „осакати“ демократијата

Дваесет години од Дејтонскиот мировен договор – ја сопре војната, но ја „осакати“ демократијата

Дејтонскиот мировен договор потпишан на 21 ноември 1995 година стави крај на крвавата војна во Босна и Херцеговина, но денеска е само пречка за разој на демократските институции. Договорот беше потпишан од тогашните претседатели на БиХ, на Хрватска и на Србија, Алија Изетбеговиќ, Фрањо Туѓман и Слободан Милошевиќ.

Со договорот парафиран во воената база во Дејтон по тринеделни преговори со посредство на САД, БиХ е поделена по принципот 51 проценти на Федерација БиХ и 49 отсто на Република Српска, а воспоставен е и посебен Дистрикт Брчко. Дејтонскиот договор има вкупно 11 анекси, со кои се опфатени воените, политичките и цивилните аспекти на мировниот договор, како и регионалната стабилизација. Анексот четири денес е Устав на БиХ.
mapaМилошевиќ, Туѓман и Изетбеговиќ официјално го потпишаа договорот три недели подоцна на 14 декември 1995 година во Париз. Сите тројца потписници се починати. Почина и поранешниот меѓународен пратеник за Балканот и „автор“ на Дејтонскиот договор американскиот дипломат Ричард Холбрук.

Ориганалниот документот е загубен. Две децении од потпишувањето, договорот различно се интерпретира – од неприменлив, до надминат и непотребен поради што политичарите во БиХ повторно зборуваат за негова ревизија.

Германскиот дипломат Михаел Штајнер (кој беше директно вклучен во преговорите) во интервју за Дојче Веле вели дека Дејтонскиот мировен договор денес е анахронизам, а тогаш бил единствено можно решение. Исто така, Штајнер потврди дека меѓународната заедница потфрлила во однос на справување со состојбата во БиХ, како и дека населението во оваа држава продолжило со националистички размислувања, на сметка на градењето функционална држава.