Wednesday, May 1, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаДурловски со конфузен статус: Јас без за Македонија,но без насилство

Дурловски со конфузен статус: Јас без за Македонија,но без насилство

Оперскиот пејач и директор на Македонската опера и балет кој е еден од главните организатори на инциијативата „За заедничка Македонија“ напиша доста конфузен статус кој наиде на бројни негативни коментари, како од неговите довчерашни поддржувачи, така и од критичарите.

Тој напиша: Јас без за Македонија,но без насилство. Јас бев за Македонија без албанска химна во собрание! Јас бев…

Дали Дурловски со ова кажува дека повеќе нема да биде дел од „За заедничка Македонија“, дали чуствува одговорност за непоимливото насилство кое можеше да заврши со смрт на пратеници и новинари или пак смета дека пеењето на албанска химна на еден пратеник е доволна причина за упад во Собрание и целосно дивеење.

Дурловски како еден од организаторите на протестот може и кривично да одговара, за што се чека реакција јавното обвинителство.