Saturday, Jun 6, 2020
HomeДЕНЕШНАПолитикаЧавков, Дурловски и Јовановски добија 30-дневен притвор

Чавков, Дурловски и Јовановски добија 30-дневен притвор

igor durlovski sobranie

Кривичниот суд го прифати барањето на Јавното обвинителство и му одреди 30-дневен притвор на поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност и поранешен министер за внатрешни работи Митко Чавков, по што е пренесен во истражниот затвор во Шутка.

Иста мерка е одредена и за полицискиот службеник Мунир Пепиќ и на оперскиот пејач Игор Дурловски, еден од организаторите на насилните протести од 27 април годинава во Собранието на Република Македонија.

Засега само пратеничката Жаклина Пешевска доби куќен притвор. Во меѓувреме се уште траат распитите на останатите приведени.

Основното јавно обвинителство денеска достави налог до МВР за притворање на 36 лица за насилството во Собранието. Сите 36 лица се товарат за доби загрозување на уставниот поредок и на безбедноста. Полицијата денеска приведе 24 лица, меѓу и пратениците Крсто Мукоски, Јохан Тарчуловски, Жаклина Пешевска, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски и Љупчо Димовски, поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност и поранешен министер за внатрешни работи, Митко Чавков, како и дел од организаторите на иницијативата „За заедничка Македонија“, Владо Јовановски, Борис Дамовски, Игор Дурловски и Богдан Илиевски.

Полицијата се уште трага по 12 за кои е издаден налог за приведување,