Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаДурловски се судрил со балетан поради инцидентите, претставата на МОБ не се одиграла

Дурловски се судрил со балетан поради инцидентите, претставата на МОБ не се одиграла

Вчера тензично било и во Македонската опера и балет каде директорот Дурловски се судрил со еден балетан поради започнатите инциденти уметниците се плашеле да ја одиграат претставата мислејќи дека може да бидат нападнати.

На оваа непријатна ситуација во МОБ, во ходниците на театарот и претходел вербален инцидент помеѓу балетски играч и Дурловски. Колегите велат дека танчарот Виктор Караев во ходникот му дофрлил на Управникот:„Што правите, сакате ли војна?“, на што Дурловски одговорил со висок тон и силна гестикулација. Тие биле разделени, и секој заминал по својот пат, балетанот дома, зашто не бил дел од „Дон Кихот“, а Дурловски во Парламентот.

„Колегите се уплашија, не можеа да свират, а слушнавме и дека Зијадин Села е потешко повреден. Бевме уплашени за натамошниот тек на нaстаните и сметаме дека е МОБ во прилично истурена позиција, и поради местоположбата на куќата и поради тоа што Управникот на МОБ Игор Дурловски е еден од инцијаторите на ‘За заедничка Македонија’ кои влегоа во Парламентот“, велат членови на синдикатите од МОБ кои сметаат дека МОБ треба да има безбедносна заштита.

Уметниците со гласање одлучиле претставата да не се одржи, а во меѓувреме дошол и Дурловски. Уметниците векат дека најсрамно од сѐ е дека самиот Дурловски рекол оти ќе излезе и ќе ѝ соопшти на публиката дека претставата се одлужува, и дека посетителите ќе бидат обештетени, како што тоа се прави во слични прилики. Но, никој не излегол, а публиката по повеќеминутно чекање, револтирано го напуштила МОБ.

Извор: sdk.mk