Sunday, May 12, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаДС предлага три седници на Собранието за излез од кризата

ДС предлага три седници на Собранието за излез од кризата

Демократскиот сојуз предлага да се одржат три седници на Собранието на Република Македонија. На првата седница да се избере претседател на Собранието, на втората да се изгласа недоверба на сегашната влада, а на третата мандатарот да достави предлог за избор на нова влада.

„На овој начин согласно Уставот на Република Македонија и Деловникот за работа на Собранието на Република Македонија, ќе се деблокираат институциите и ќе започне процес на стабилизација на државата и нормализирање на животот на граѓаните“, соопшти ДС.