Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаДржавата денеска се задолжува со 59,2 милиони за да врати долг од 59,3 милиони евра

Државата денеска се задолжува со 59,2 милиони за да врати долг од 59,3 милиони евра

Продолжува праксата на државата да се задолжува за да може да ги отплати долговите. Државата денеска се задолжува со 59,2 милиони евра од домашните кредитори преку аукции на шестмесечни и 12 месечни записи, но и на една 10 годишна обврзница.

Утре, треба да се вратат 59,3 милиони евра по основ на доспеани долгови. Јавниот долг надминува 4 милијарди евра.