Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаБугарија се запали откако Путин кажа дека писменоста доаѓа од Македонија

Бугарија се запали откако Путин кажа дека писменоста доаѓа од Македонија

Прославата на празникот „Свети Кирил и Методиј“ не може да пројде без провокација од Бугарија, а овој пат главен виновник им е рускиот претседател Владимир Путин на средбата со претседателот Ѓорге Иванов дека писменоста е дојдена во Русија од македонската земја.

„Не е важно кој од каде поминал. Тоа не е европски пристап. Важно е дека близу 300 милиони луѓе читаат и пишуваат на кирилица и на крајот на краиштата ја збогатуваат европската култура. Какво значење има од каде поминале?“, коментираше бугарскиот премиер Бојко Борисов.

За бугарскиот историчар Божидар Димитров ваквата изјава на Путин е скандал за која помислил дека е „фејк“. Според него, имало мапа на бугарските земји во времето на кнез Борис Први, кој ги прифатил и ги поздравил учениците на Кирил и Методиј, на која јасно се гледа каде тогаш биле македонските земји, вклучувајќи ги Скопје и Охрид.

“Вистината е следнава- во времето на Кирил и Методиј, Македонија веќе 200 години била дел од Бугарија. Значи, каква Македонија, какви приказни. Нема такво нешто. Она што го знаеме како официјална руска позиција е дека рускиот патријарх изјави дека азбуката, писменоста и христијанство Русија ги  добила од Бугарија“, вели Димитров. И додава дека некој можеби се обидува да шири лажни весни, зашто обично Путин знае што зборува.