Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСветЗетот на Трамп предложил тајна комуникација со Путин

Зетот на Трамп предложил тајна комуникација со Путин

Зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер предложил таен комуникациски канал меѓу тимот на Трамп и Кремљ на состанокот со рускиот амбасадор во Вашинтон по изборите, јавуваат медиумите.

Рускиот амбасадор Сергеј Кислијак на своите претпоставени во Москва им рекол дека Кушнер ова го предложил за време на состанокот на 1 или 2 декември во Трамп кулата во Њујорк, според пресретната руска комуникација,јавува Вашингтон Пост.

Кислијак и Кушнер, кој е висок советник во Белата куќа и е оженет за ќерката на Трамп, Иванка, предложиле употреба на руските дипломатски капацитети во САД, јавува весникот. На состанокот присуствувал и Мајкл Флин, кој подоцна стана прв советник за национална безбедност на Трамп. Ројтерс јавува дека тројцата зборувале за повторно воспоставување на канал за комуникации меѓу Трамп и рускиот претседател Владимир Путин.