Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаДополнителни 150 евра за летување во Грција

Дополнителни 150 евра за летување во Грција

Грчката влада ќе воведе нови мерки за зголемување на данокот на додадена вредност – ДДВ на храната и комуналиите со цел да заштеди 1,8 милијарди евра, што е еден од предусловите кои ги поставија меѓународните кредитори за дополнителната финансиска помош.

Локалните медиуми наведуваат дека ДДВ – ­то на храна и пијалаци, вклучувајќи ги и рестораните и баровите, ќе биде зголемено од 23 на 24 проценти. За истиот износ ќе биде зголемен и износот на ДДВ- ­то на картите за патување на локалните и меѓународни линии. Цените на бензинот и дизелот ќе бидат зголемени за пет, односно за осум проценти.

ДДВ- ­то ќе биде зголемено и за цигарите, фиксната телефонија и телевизиската претплата. Цената на ноќевање во хотелите во Грција од 2018 година ќе биде зголемена за две до четири евра. Според наводите на медиумите, нацрт ­законот за новите мерки наскоро ќе биде претставен во парламентот и се очекува дека гласањето ќе биде најдоцна до викендот.

За македонските туристи, тоа ќе значи поскапување на туристичките аранжмани. Грубо пресметано, за едно четиричлено семејство,  10 дневното летување во Грција ќе стане поскапо за околу 150 евра.