Friday, May 3, 2024
HomeДЕНЕШНАСветДоналд Трамп: Сексуалните скандали на Бил Клинтон ќе имаат важно место во кампањата

Доналд Трамп: Сексуалните скандали на Бил Клинтон ќе имаат важно место во кампањата

Доналд Трамп кој веројатно ќе биде кандидат за претседател на Соединетите Американски Држави го искористи зборот „силување“ во врска со сексуалните скандали на поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон.

Трамп во интервју за “Fox News” на прашањата околу информациите кои ги пренесе “New York Times” за неговиот непристоен однос кон жените, се огради и веднаш го нападна Бил Клинтон.

Водителот на телевизијата “Fox News” кој е наклонет на републиканците постави прашање дали новинарите на “New York Times” на ист начин би поставувале прашања за жените кои што јавно го обвинуваа Бил Клинтон за сексуално непристојно однесување.

„Во еден случај, станува збор за допирање против волјата на другата жена“, рече водителот во врска со Бил Клинтон, на што Доналд Трамп додаде – „и силување!“.

Клинтон во 1998-ма година се согласи да плати 850 илјади долари во договорот со Паула Џонс која го обвини дека се соблекувал пред неа и изнесувал непристојни понуди додека бил гувернер на Арканзас.

Медицинската сестра Хуанита Бродрик во 1999-та година го обвини дека ја силувал во 1978-ма година, а Кејтлин Вили која што била вработена во Белата куќа тврдеше дека ја допирал кога двајцата останале сами додека таа аплицирала за работа. Бил Клинтон ги негираше сите овие обвинувања.

Сопругата на Клинтон, поранешната државна секретарка, Хилари е во трка за номинација во Демократската партија и голема е веројатноста во ноември на претседателските избори дека ќе се соочи со Доналд Трамп кој речиси сигурно ќе биде кандидат на републиканската партија.