Доилка со фотосесија се бори за правата на жената
Челси Крег со фотосесијата на која ги дои своите две малечки ќерки даде силна поддршка за сите мајки ширум светот кои се соочуваат со огромни притисоци доколку ги дојат своите деца во јавноста, а некои од нив добиле и казни и укори од околината полна со предрасуди.
Сликите се направени од професионалната фотографка Меј Бурк која се специјализирала во мајчинска фотографија, но вели дека нема намера на некого да му ги наметнува своите ставови иако смета дека доењето е најприроден процес и тука нема ништо засрамувачко и одвратно.