Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаДоделени стипендиите „Борис Трајковски“ на 20 студенти

Доделени стипендиите „Борис Трајковски“ на 20 студенти

Нови 20 стипендии „Борис Трајковски“ за магистерски студии по бизнис администрација на Сити колеџот од Солун, како дел од Универзитетот Шефилд во Велика Британија им беа доделени на избраните кандидати за академската 2015/2016 година.

На доделувањето присуствуваше заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски кој истакна дека дваесетте стипендисти добиваат исклучителна можност за студирање на магистерски студии на една меѓународно препознатлива, престижна и респектабилна високообразовна установа.

„Апелирам до вас максимално да се заложите и да ја искористите шансата за проширување на образовните видици и надградба на личниот образовен фонд во областа која е поле на Вашиот интерес, без притоа, да имате грижа од финансиски аспект. Очекувам, дека сето стекнато знаење и искуство, по завршувањето на студиите целосно ќе го вложите во развојот и напредокот на Република Македонија“, рече Ристовски.

Стипендијата изнесува 14.890 евра. Половина од средствата ги обезбедува Владата на Република Македонија, а половина ги обезбедува „СИТИ Колеџот“ во Солун. Под покровителство на Претседателот на Република Македонија се доделуваат веќе 6та година по ред.