Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаМОН вработува македонски наставник за во Шведска – плата до 1900 евра

МОН вработува македонски наставник за во Шведска – плата до 1900 евра

Министерството за образование и наука објави оглас за вработување на наставници за реализирање на дополнителна настава за основно образование на мајчин јазик за децата на граѓаните на Република Македонија кои престојуваат во странство. Огласот конкретно се однесува на работа во Кралството Шведска, а ангажманот ќе трае четири учебни години.

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

– Завршено високо образование за одделенски наставник, педагог или наставник по мајчин јазик;
– Да имаат работен стаж од најмалку пет години во основно училиште;
– Да го познава јазикот на државата за која конкурира; – Да е државјанин на Република Македонија;
– Потврда дека не му е изречена прекршочна санкција забрана за вршење професија, дејност или должност.

При конкурирање, кандидатите треба да ги достават следниве документи:

– Молба;
– Диплома за завршено високо образование или Уверение за завршено високо образование од каде ќе може да се утврди просекот; – Кратка
биографија со фотографија;
– Потврда за работен стаж во основно училиште;
– Уверение за познавање на јазикот на земјата за која конкурираат;
– Потврда дека не му е изречена прекршочна санкција забрана за вршење професија, дејност или должност.

Документите, во оригинал или копија заверена на нотар, се поднесуваат во рок од 15 дена од денот на објавувањето на конкурсот во архивата на Министерството за образование и наука, ул. „Кирил и Методиј” бр. 54, 1000 Скопје, со назнака „Конкурс за наставник во странство“.

Работното време е 8 часа дневно, во зависност од организацијата на воспитнообразовната работа на наставникот, најмалку пет дена во неделата. Основниот надоместок за работа во странство на наставникот изнесува 1.881 евра.

Избраниот наставник, во рок од 15 дена од денот на склучувањето на договорот за работа, има обврска да оствари личен контакт со одговорното лице во Агенцијата за иселеништво и да остави свои контакт податоци.