Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаДо 1000 евра за испит – Паднаа професори на Економски

До 1000 евра за испит – Паднаа професори на Економски

МВР во координација со Основното јавно обвинителство спроведе голема акција за гонење на професори од Економскиот факултет при УКИМ за примање на мито за испити чии цени се движеле и до 1000 евра. Долги години студентите се жалее дека професорите се крајно корумпирани, па некои од нив барале и сексуални услуги само за да пишат „шестка“.

akcija ukim

Од страна на МВР, до ОЈО поднесена е кривична пријава против осум лица на возраст од 29 до 65 години, од кои шестмина професори на „Економски факултет“ Скопје, еден демонстратор и сопственик на правен субјект „БОБ ДЕН Кетеринг“ со подружница ресистрирана со седиште „Економски факултет“ Скопје. Тие се товарат дека сториле повеќе коруптивни дела како „примање поткуп“, „примање награда за противзаконито влијание“ и „давање поткуп“.

Според досега документираните сознанија, пријавените во текот на 2015 и 2016 година заради стекнување на противправна имотна корист ја искористиле својата службена положба на начин што од студенти на „Економскиот факултет“ Скопје, директно или индиректно барале парични средства за да во рамките на своите службени овластувања извршат дејствија што не би смееле да ги извршат, односно да им овозможуват на истите да се стекнат со преодна оцена по предметите кои тие ги предаваат, без притоа студентите да покажат соодветно знаење.

Од вкупно осум пријавени, пет лица се приведени и задржани во ПС Кисела Вода до понатамошни насоки дадени од страна на Јавен Обвинител при ОЈО за ГОКК, а пак за лицата Т. Ф., С.Д. и Љ.Ј. од страна на ЈО изготвени се покани за раговор и на ден 07.06.2016 година истите ќе им бидат предадени.