Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСудиите кои одлучуваа за функционерите на УБК заработија кривични пријави

Судиите кои одлучуваа за функционерите на УБК заработија кривични пријави

Здружението „Зелена лупа“ бара одговорност од судиите кои одлучуваа за екс функционерите од УБК, Горан Грујевски и Никола Бошкоски кои се обвинети за незаконското прислушување, а повеќе од две недели се во бегство.

Денеска од „Зелена лупа“ поднесуваат кривични пријави против петнаесет судии. Дополнително ќе бараат советот за факти да утврдува дали судиите работеле совесно.

На прес конференцијата која е најавено на пладне ќе бидат дадени на увид на јавноста, поднесените кривични пријави до Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, и иницијативите за покренување на одговорност на судии, поднесени до Советот за утврдување на факти и одговорност на судии.